Еден загинат, четворица повредени во сообраќајна незгода на Кукуречанска раскрсница на надвозникот од патот Р-1305 Битола – Демир Хисар.

На 15.06.2017 година во 21,05 часот, во СВР- Битола, пријавена е случена сообраќајна незгода на Кукуречанска раскрсница на надвозникот од патот Р-1305 Битола – Демир Хисар.

Во сообраќајната незгода учесници се:

– ПМВ „Мерцедес 200“ со битолски регитарски ознаки, управувано од Сашо П. (42) ОД Битола, кој во сообраќајната незгода се здобил со тешки телесни повреди и од здобиените повреди починал во Клиничка Болница Битола. Смртта е констатирана од страна на доктор од служба за Ургентна медицина.

Сопатници во возилото се :

Г.Ј (24) од Битола, кој во сообраќајната незгода се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на главата и коматозна состојба); И.Ј. (41) и А.Р. (53) и двајцата од Битола. Лицата се задржани на опсервација и лекување во Клиничка болница Битола.

– ТМВ „Там 80 Т“ со битолски регистерски ознаки, управувано од Е.Б (30) од Битола,кој во сообраќајната незгода се здобил со телесни повреди (набиеници на потколеница и подлактица) констатирани од страна на доктор од Одделение за ортопедија во Клиничка болница Битола.

Увид на лице место е извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа на СВР- Битола. Врз телото на починатиот е издадена наредба за обдукција.

За време на вршење на увидот , во периодот од 21,20 до 23,50 часот , сообраќајот на патот Р-1305 Битола-Демир Хисар беше затворен за сообраќај за сите моторни возила