Машки леш заглавил кај мостот „Око“ во Вардар

Риболовец забележал машки труп во водите на Вардар во централното градско подраје, за што ја известил полицијата.

Имено, во неделата на пладне, во полицијата во Скопје, С.Б. од Скопје пријавил дека додека ловел риба, на кејот од реката Вардар помеѓу Камениот мост и пешачкиот мост „Око“, забележал како водата носи машки леш, кој се заглавил на камењата покрај мостот „Око“.

Од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита од водите бил изваден лешот на машко лице на возраст од 55 до 70 години.

Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство. Увидна екипа извршила увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител, телото е пренесено за обдукција во Институтот за судска медицина.