Се преврте „Ситроен“, загина млада жена

Четириесетина минути по полноќ во вторникот, на патот Велес-Скопје, се преврте автомобил, а во сообраќајката загина сопатничка, додека возачот и уште една сопатничка с еповредени.

Како што соопшти полицијата, околу 00.40 часот на автопат Велес-Скопје, пред населба Отовица, се случила сообраќајна незгода во која П.М. (55) од Скопје, управувајќи автомобил „Ситроен“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над истото и удрил во бетонскиот sид на мостот и се превртел.

Во незгодата сопатничката М.М. (28) од здобиените повреди починала на местото на настанот, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.М. (52), која заедно со П.М., со возило на Итна помош биле пренесени во Клиничка болница Велес.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција. Поради незгодата патниот правец клучка Велес-нас.Отовица беше во целосен прекин во периодот од 1.40 до 4 часот.