Тинејџери се тепале со ножеви

Момче расекло друго момче при расправија и тепачка во Тетово.

Во понеделникот, околу 13.30 часот пред Културниот дом во Тетово настанала вербална расправија поради меѓусебно нетрпение помеѓу А. И. (18) од село Џепчиште и седумнаесетгодишник од село Камењане.

Во еден момент почнале да се туркаат при што А.И го турнал малолетникот, на што тој со нож му нанел една расекотина во пределот на стомакот и една во пределот на левото колено.

А.И. бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.

Седумнаесетгодишникот се наоѓа во бегство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.