Apple бесплатно ќе ги замени неисправните батерии iPhone 6s

Американскиот технолошки гигант Apple објави дека бесплатно ќе ги заменува батериите на својот модел паметен телефон iPhone 6s, кои неочекувано се исклучуваат при високо ниво на полнење, се наведува во соопштението објавено во понеделникот на официјалната интернет страница на компанијата.

„Apple утврди дека многу мал број уреди iPhone 6s можат неочекувано да се исклучат. Овој проблем не претставува закана за безбедноста, а се однесува на апарати со ограничен број сериски броеви, кои се лиферувани во периодот меѓу септември и октомври 2015 година“, се наведува во соопштението на компанијата.

Компанијата ги известува корисниците дека доколку се појават слични проблеми на нивните паметни телефони iPhone 6s треба да се јават во овластените продавници или авторизираните сервисни центри на Apple. Вработените ќе ги споредат сириските броеви и да утврдат дали може да извршат бесплатната замена на батеријата.

Истовремено агенцијата Xinhua пренесе во понеделникот дека Здружението за заштита на потрошувачите во Кина минатата седмица испратила допис до компанијата Apple во кое ја известува дека некои уреди од моделот iPhone 6s може да се исклучат при нивото од полнење на батеријата од 50 отсто. Асоцијацијата притоа побарала од корпорацијата да преземе мерки за надминување на овој проблем.