Цената на Samsung Galaxy S8 ќе биде за 15 до 20 отсто повисока од S7

Иако за телефонот Samsung Galaxy S8 веќе има премногу гласини, најновата вели дека телефонот ќе биде за 15 до 20 отсто поскап од својот претходник, но сепак на неа ќе и се даде значење бидејќи доаѓа од експертите на инвестициската банка Goldman Sachs.

Тие мислат дека зголемувањето на трошковите за материјалот за изработка на Samsung Galaxy S8 телефонт ќе се рефлектира и во цената на уредот, и дека тоа ќе ги чини корисниците.

Ова значи дека во најлош случај Galaxy S8 телефон na negovoto лансирање ќе биде поскап за 15 до 20 отсто од моделот од оваа година. Очигледно е дека фановите на Samsung ќе добијат нешто за возврат доколку компанијата одлучи да побара повеќе пари за новиот „flagship“ телефон, па така се очекува Galaxy S8 да донесе повеќе нови функции.

Според најновите гласини, Samsung Galaxy S8 ќе добие свој специјален настан во април и дека нема да биде преставен на Светскиот мобилен конгрес.