Холандски Philips му го продаде на американски фонд мнозинскиот удел во Lumileds

Холандскиот електронски гигант „Philips“ го продаде 80-процентниот удел во американската компанија „Lumileds“ на инвестицискиот фонд „Appllo“ за 1,5 милијарди долари во готовина, објавено е во понеделникот.

Со оваа трансакциската вредност на „Lumileds“, компанија којашто се занимава со лед и светилки за автомобили, е проценета на две милијарди долари, вклучително и долгот, наведуваат од „Philips“.

Затворањето на трансакцијата се очекува во првата половина од 2017 година, под услов да се добијат неопходните одобрувања од регулаторите.

Продажбата на „Lumileds“ е завршниот чекор во продажбата на „Philips“ на своето работење со светлосни тела, по мајската иницијална јавна понуда на четвртината од акциите на „Philips Lighting“.

Претходните обиди за продажба на уделот во „Lumileds“ по цена од 3,3 милијарди долари на група азиски инвеститори го блокираше владата на САД, наведувајќи како причина загриженоста за националната безбедност, без натамошни појаснувања. Во конзорциумот доминирале кинески компании, но технологијата на „Lumileds“ не се смета за важна за воената наменска индустрија.

Портпаролот на „Philips“, Стив Клинк изјави во понеделникот дека се разочарани од тоа што е повеќе од половина помал износот кој ќе го добијат за уделот во „Lumileds“

„Што да се прави? Имајќи ги предвид околностите, сметаме дека цената е добра“, рекол Клинк.

Компанијата „Lumileds“, чиешто седиште е во калифорнискиот Сан Хозе, правно е одвоена од „Philips“ од 2015 година. Во третото тримесечје од 2016 година забележале добивка од 101 милион ера, во однос на 86 милиони евра колку што изнесувала во истиот период претходната година. Годишните приходи на „Lumileds се движат на ниво од две милијарди долари, наведуваат во „Philips“, а вработува 9.000 работници.