Lufthanza откажа 876 летови во среда заради штрајк на пилотите

Германската авиокомпанија Lufthanza откажа 876 летови во среда, од кои 51 меѓународен лет, заради штрајк на пилотите.

Штрајкот ќе погоди околу 100 илјади патници, се наведува во соопштението на германската авиокомпанија и се додава дека ќе бидат обезбеди повеќе од 2.210 летови на партнерите на Lufthanza.

Синдикатот на пилотите повика на 24 часовен штрајк, барајќи зголемување на платите кои последен пат се зголемени пред пет години.