Македонкиот филм “Farewell” штотуку осамна на првото место на натпреварот FilmConvert Competition.

Нашиот филм е прикажан во краткото видео монтирано од самата компанија, каде можете да видите најдобрите инсерти од наградените учесници, а ние  се наоѓаме на 00:52 на погорниов линк.

Приказната е сместена во дистопична иднина, опишувајќи ја бесцелноста на војната.

Режисер и продуцент е Пеце Здравковски а,  главна улога играат Димитар Ѓорѓиевски и Симона Јосифовска. За камерата и изгледот на сет се погрижија Ѓорги Вацев и Пеце,  додека шминката беше дело на Сашо Мартиновски.

Инзвонредното аудио е дело на Христо Стојановски, Ристо Алчинов, додека прекрасниот глас којшто го од 00:56 пола филм е на нашиот музичар Коста Хаџикојчев.

Со 26 гласови водство пред вториот учесник и 706 пред третиот, убедливо сé на првото место и ја имаат наградата од највисок ранг  “People’s Choice” на овој интернационален натпревар.

На натпреварот вкупно имаше 605 учесници, од кои 7 беа наградени.

http://www.filmconvert.com/competition