Наташа Петровска:Во недела масовно да излеземе и два пати да заокружиме 19

Животот не е никогаш проста приказна, со себе носи многу падови и станувања. Животот е исполнет со многу предизвици но на крајот од него секогаш ќе се запрашате дали сте оставиле вредности за идните генерации. И ние денес, а и во недела, ќе бидиме токму поставени пред предизвикот на кој мора да одговориме.

И не само во недела толку и во наредниот период. Како идна локална самоуправа мора да оставиме вредности. Да ги уредиме улиците во Битола, велосипедските патеки да станат наша реалност, да имаме организиран сообраќај, да имаме уредени училишта, детски градински, стари згрижени лица. Да ги реконстуираме месните заедници во нашата општина. Спортските восклици да ечат на спортските терени.

Да имаме живот за сите нас, да имаме почиста Битола, да имаме Битола со почист воздух. Но за сето тоа драги битолчани мора на 15-ти Октомври масовно да излеземе и два пати да заокружиме 19. 19 за градоначалник, 19 за совет за да можеме конечно по затворањето на изборните кутии во 19 часот најбројната бројка да биде бројот 19 за живот во Битола за сите.