Цивил – Изборите да бидат демократски, фер и слободни

Граѓанската организација Цивил – Центар за слобода ги повикува сите учесници и засегнати страни во изборниот процес да ги почитуваат законите и да се спроведе демократски, фер и слободен изборен процес.

Од политичките партии бараат да го почитуваат Изборниот законик, Уставот и законите на Република Македонија, да го почитуваат изборниот молк и да ги сопрат евентуалните планови, ако такви постојат, за изборен поткуп, притисоци и манипулација на гласачите.

Цивил ги повикува граѓаните да гласаат слободно, според сопственото убедување.