Демант од Стентон ДОО на прес-конференцијата на советникот Козаров

Најнапред би сакале да се навратиме на нашата последна прес-конференција од 20.04.2017 кога кажавме дека рудникот нема да работи се до издавање на Б интегрирана дозвола.

Повторното излегување на советникот Горан Козаров на прес конференција не само што укажува на неговата нетраспарентност во соопштување на информациите кон граѓаните на Општина Битола, туку и поткрева сомнение дека единствено нешто што му е битно е личниот напредок во политичката кариера, без притоа ни малку да се информира за законските процедури и права кои ги поседуваме ние како компанија. Дали имало политичко влијание врз одлуката на Општина Битола или не, ќе се дознае откако ќе поведеме судска постапка на која имаме законско право.

Поради тоа што за денеска повторно неподготвени излеговте на прес-конференција, неинформирани зошто не беше издадена Б интегрираната дозвола, би сакале да ви укажеме дека недоделувањето на Б интегрирана дозвола е поради една, а не повеќе причини, а тоа е недоставување на решение за спроведена постапка за Оцена за влијание врз животната средина од работењето на постројката. Она што сакаме да го потенцираме дека од страна на Стентон ДОО НЕ БЕШЕ ПОБАРАНО да се достави такво мислење ниту пак истото е пропишано како услов за издавање на Б интегрирана еколошка дозвола соогласно Законот за животна средина и согласно правилникот за постапка за добивање на Б интегрирана еколошка дозвола. Притоа во претходната постапка за добивање на концесија за Површинскиот коп за експлоатација на минерална суровина – гранит на локалитетот

БилБил Камен – Општина Битола ние испративме известување за намера за спроведување на горенаведениот проект и врз основа на истото Министерството за животна средина како надлежен орган донесе мислење со Архивски број 11-4888/2 од 17.06.2015 во чиј деспозитив стои :

“ За изведување на проектот : Површински коп за експлоатација на минерална суровина гранит на локалитетот БилБил Камен – Општина Битола, не треба да се спроведе постапка за оцена на влијаниетот врз животната средина, а инвеститорот ( Стентон ДОО) е должен да изготви елаборат за животна средина”. (во прилог)

На барање на Стентон ДОО, компанијата Рирудинг го изработи елаборатот за животна средина и истиот беше одобрен од страна на Министерство на животна средина со решение број 11-5609 / 2. Ваквиот елаборат и решение за негово одобрување се доставени до Општина Битола заедно со барањето за добивање на Б – интегрирана еколошка дозвола.

Уште на претходната прес конференција напоменавме дека ние како компанија поднесовме жалба до второстепена комисија што е пропишано согласно Законот за животна средина. Вашето непознавање на Законот за животна средина и Законот за минерални суровини уште повеќе го поткрева прашањето за целта на вашите излегувања и ширењето на невистини и дезинформации кој имаат за цел да ја збунат јавноста ?

Исто така го поставуваме прашањето зошто на ниту едно наше претходно прашање немате одговорено, иако притоа на сите ваши претходни прес-конференции бевте демантирани.

И за волја на фактите, доколку рудникот претставува загадувач на животната средина во Општина Битола зошто мерните еденици покажуваат ИСТО НИВО на загадување на градот Битола пред и после затворањето на рудникот на месноста БилБил камен Општина Битола? Или како и за секое претходно поставено прашање немате одговор.