Груевски:Низа активности за почиста животна средина

Дивите депонии и понатаму ја загадуваат животната средина и оставаат грда слика на градот. Знаеме дека лошите навики тешко се менуваат но локалната самоуправа има обврска да влијае на нивната промена посебно во делот на селекцијата на отпадот.

Ќе преземе низа на активности за намалување на количината на создаден отпад, создавање на здрава животна средина, безбедно транспортирање на отпадот до неговото финално одлагање  преку воспоставување на современ интегриран систем за управување со отпад. За таа цел низ домаќинствата ќе се распределат канти за комунален и селективен отпад како и контејнери за истата цел. Ќе биде изграден рециклажен систем за механичко биолошки третман на отпад и во континуитет ќе се врши засилена едукација на населението за исполнувае на заедничката цел.

Почитувани граѓани на Битола ве повикуваме на масовна излезност на 15-ти Октомври со цел да го решиме овој проблем и да решиме низа проблеми кои го оптеретуваат овој град.