Наташа Петровска:Ќе го решиме проблемот со инфраструктурата кај Индустрискиот пат

Новата влада предводена од СДСМ, бевме сведоци дека го донесе законот за најниската плата од 12.000 денари.

Тоа е пример кој што покажа дека поликитите можат да бидат успешни доколку навистина сакате да ги насочите парите кон граѓаните. Но за сето тоа треба да имате добра соработка и искрена соработка со стопанствениците. Изминатите денови, вклучително и денес контактиравме со низа наши стопанственици и воочивме дека сите генерално го имаат истиот проблем.

Тоа е лошата инфраструктура за која била задолжена општината да ја решава во изминатиот период како би ги подобрила условите за нивна работа и би отворила шанса и перспектива за нашите сограѓани.

Се наоѓаме кај така наречениот индустриски пат чие решавање на е важно само за стопанствениците или за нашиот економски бенефит и отворање перспектива за вработување на нашите граѓани туку е од значење затоа што овозможува голем дел од транспортни возила кои што влегуваат во централното градско подрачје да имаат можност да го користат овој пат и на тој начин да се растерети сообраќајот во нашето централно градско подрачје. Ваквите контакти, отворената соработка со сите во нашиот град е значајна и така ќе продолжиме да работиме и кога ќе ја практикуваме власта.