Наташа Петровска:Клучен проект ќе биде гасифиацијата на општина Битола

Клучен проект на локалната самоуправа предводена од СДСМ и коалицијата ќе биде гасификацијата и тоа од два аспекти. Првиот секако е еколошкиот момент.

Имено, со употребата на гасот како алтернативно гориво за затоплување на институциите и домовите на нашите сограѓани, значително ќе се намали загадувањето на амбиенталниот воздух. Конечно ќе исчезнат зимските смогови во нашиот град. Вториот аспект е економскиот бенефит и заштедата која корисниците веднаш ќе ја почуствуваат. Токму затоа денес се наоѓаме пред ОУ „Елпида Караманди“ кое на крајот на 2016-та година имаше 7 милиони долг и блокирана сметка. Со гасификацијата уште во првата фаза ќе им овозможиме на училиштата да остварат финансиски заштеди за греење и со тоа ќе им помогнеме да ги санираат своите енормни долгови. Самиот процес на изградба на гасоводната и дистрибутивна градска мрежа ќе се одвива на следниов начин:

  • изработка на физибилити студија и проектна документација
  • формирање на јавно претпријатие за енергетски дејности
  • изработка на гасоводни линии, мерно-регулаторни станици и преадаптација на котларниците за затоплување
  • дистрибуција на природниот гас од гасоводниот систем воспоставен од Р.Македонија или преку така наречениот виртуелен гасовод

финансирањето на проектот ќе се обезбеди со средства од општината,Р.Македонија и ИПА фондовите.

На 15-ти Октомври сите масовно да излеземе да гласаме заокружувајќи го бројот 19 и да го донесеме економскиот бенефит и заштитата на животната средина во нашиот град. Ќе донесеме сите заедно живот во Битола.