ОЛИМПИСКА ОБУКА ЗА НАПРЕДЕН СПОРТСКИ МЕНАЏМЕНТ

Македонскиот олимписки комитет денес во Битола приреди олимписка обука за напреден спортски менаџмент на спортската администрација во општина Битола. На информативно-промотивниот настан во Битола, претставниците на МОК  ја претставија едукативно спортската платформа која претставува теоретско-практична платформа за унапредување на работата во рамки на олимписките спортски организации.

„Активноста на МОК ја поддржа општината затоа што придонесува за поместување на состојбите во спортот. Факт е дека во минатото нашиот град се радувал на успесите на спортистите,  но за жал денес ситуацијата не е таква и нема вистински резултати. Со  денешниот настан отвораме нови видици за спортските работници и уверена сум дека битолчани ќе може да дадат голем придонес за да наскоро зборуваме за резултати, рече меѓудругото градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска.

МОК за потребите на општина Битола денес ја промовираше спортската програма „Вовед во Олимписка обука за напреден спортски менаџмант“ во која се содржани 6 модули за организирање на настани, спортски маркетинг и други олимписки програми за вработените во областа спорт во образовните институции, спортски клубови и институции од Битола.