Општина Ѓорче Петров донира 200.000 денари за поплавените во Новаци

Советот на општина Ѓорче Петров на вчерашната седница на Совет донесе одлука да донира парични средства во износ од 200.000 денари за поплавените подрачја во општина Новаци.

„Ова навистина многу ни значи и можам да кажам дека општина Новаци има навистина многу добри пријатели кои во овие тешки времиња не поддржаа и ја покажаа својата хуманост.Многу му благодарам на општина Ѓорче Петров и на градоначалникот за овој хуман гест.“ рече градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски.

Покрај оваа финансиска помош, за поплавените подрачја во Македонија донираа и градинката „Росица” и основните училишта во општината Ѓорче Петров.

Покрај оваа општина за поплавите во Новаци донираа и неколку други скопски општини како и збратимените општини Хрпеље Козина од Словенија и Дуги Рат од Хрватска.