Посета на активности при отворено спортско игралиште во с Крклинo

Финансиската конструкција на ова игралиште е околу 3 милиони денари и истото беше дел од програмата на општината Битола, како приоритет на населението во с.Крклино.

Во изминатиот период во ова село Владата на РМ заедно со општина Битола изградија училиште, како и една делница од локалниот пат Крклино – Долно Оризари. Исто така, во изминатиот период се изгради и детско игралиште во непосредна близина на игралишето. Општина Битола во наредниот период и понатаму, согласно своите програми ќе ги реализира барањата на жителите на с.Крклино.

Многу голема желба беше на мештаните да се направи овој стадион. Сега е среден обработен, имаме соблекувални имаме клупи за играчите и мислам дека е голем мерак за мештаните овој стадион да се стави во функција, значи идниот период следните 10- 15 дена сите активности ќе бидат завршени останува да се засади со трева . Вредноста на оваа интервенција во завршна фаза ќе изнесува околу 3 милиони денари, изјави Д-р Владимир Талески градоначалник на Општина Битола.