Пратеникот Васко Ковачевски директор на РЕК Битола

Пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, заминува од функцијата пратеник и ќе биде новиот директор на „Рек Битола“.

Ковачевски веќе поднел оставка во Собранието и се очекува на првата седница истата да биде констатирана.

На неговото пратеничко место седнува Самка Ибраимовски.