СДСМ: Кој е организаторот на импровизираниот пазар во Нова Битола?

vasko

Во Битола повторно никна импровизиран пазар. Се продаваат облека, чевли, производи за широка потрошувачка. Локацијата на овој импровизаран пазар е во Нова Битола. Но ова не е прв пат. Се почесто се поставуваат тезги на одредени временски периоди од по неколку месеци.

Ги разбираме луѓето кои се на улица. Тоа се огромен број на сиромашни граѓани кои трагат по парче леб. Но според наши информации пазарот не е случаен, луѓето кои продаваат се злоупотребени. По целодневното стоење на нозе, за малку пари, тие вадат чисти проходи што одат директно во џебовите на поединци.

Организаторите се луѓе блиски до власта, потенцира Ковачевски, кој притоа тие освен што манипулираат со сиромаштијата вршат директен атак врз дуканџиите кои ги почитуваат законите имаат вработени и фискални апарати, плаќаат даноци и придонеси и придонесуваат за полнење на државните и општинските буџети.

Наспроти нив, организаторите на викенд- пазарите анагажираат работна сила на црно, за луѓето не плаќаат придонеси, продаваат стока со сомнително потекло, немаат фискални апарати и не плаќаат ниту денар на државата и општината.

Затоа јавно ја повикуваме власта да каже:

Кој е организатор на овој импровизиран пазар во Нова Битола? Дали тој е правно, или физичко лице.
Кој дал одобрение за локацијата, колку и на кого се платен средствата за намена на  просторот?

Со чија дозвола од врвот на власта е дозволено работењето и заработувањто на црно, праша лидерот на СДСМ Битола, Васко Ковачевски, на денешната прес- конференција што ја одржа пред импровизираниот Пазар во Нова Битола.