Вкупно 17 јавни обвинители работат на кривичните пријави на СДСМ

Вкупно 17 јавни обвинители од скопското јавно обвинителство работат на досега поднесените кривични пријави од страна на СДСМ за наводите за наводно прислушувани разговори.

„Сите пријави се дадени во работа. По дел од истите досега се преземени определени дејствија, а во тек е преземањето и на други активности согласно Законот за кривична постапка, Кривичниот законик и внатрешните правила за работење на јавното обвинителство. Напомнуваме дека, како и по сите други кривични пријави и настани без оглед на тоа кој е подносител и кој е пријавен, надлежните јавни обвинители на ист начин постапуваат и по наведените предмети“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

СДСМ поднесе кривични пријави против функционери за власта и непознати лица врз основа на наводно прислушуваните разговори коишто ги објавува.