Во Куманово не работат училиштата и градинките

Основните и средни училиштата, како и градинките во Куманово, од понеделник нема да работат, поради нарушената безбедносна состојба во Општината.

 Оваа одлука е донесена на денешната седница на Кризниот штаб на Општината Куманово, а ја прифати Советот на општината кој заседаваше во 16 часот, во неделата.

„Понеделник го прогласивме за неработен ден, бидејќи во одредени училиштa нема услови таа да се одвива наставата, а и има ученици кои патуваат од еден во друг дел на градот. Оваа одлука ќе важи додека не добиеме препораки од Министерството за образование и не се подобри безбедносната состојба“,  изјави градоначлникот Зоран Дамјановски, на состанокот, пренесе kumanovonews.

Тој се надева дека ситуацијата ќе се стабилизира во текот на денешниот ден, по што во вторник учениците ќе се вратат на настава./крај/к/бб

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.