МОСТ: Забележани неколку нерегуларности

Според информациите од набљудувачите на граѓанската асоцијација МОСТ отворени се сите гласачки места на кои тие имаат свои набљудувачи.

Досега забележано е дека на гласачко место во општина Струга 1860 на почетокот од гласањето избирачкиот одбор откинал 3 гласачки ливчиња од кочанот заедно со серискиот број , по што гласачите ги ставиле во гласачки кутии.

Гласачко ливче заедно со серискиот број од кочанот е откинато и на гласачкото место 0689 во Кавадараци. На гласачко место 1076 во Куманово , гласањето било прекинато половина час зашто не работела ув ламбата.

Во Липково на гласачкото место 1117 набљудувачите на МОСТ забележале дека ув ламба не се користи во сите случаи.

На гласачко место 1859 /1 во Струга гласач ги фотографирал гласачките ливчиња и ги ставил во кутијата , по што избегал од гласачкото место.