Канељас и Циндриќ во тимот на колот

Двоецот на Вардар Жоан Канељас и Лука Циндриќ се најде во идеалниот тим на седмото коло во Лигата на шампионите.

Вардар, во саботата, со извонредна тимска игра го декласира Рајн Нејар 33:27. Во колективната игра според РХФ отсокнале левиот и средниот бек на Вардар, канељас и Циндриќ.

Шпанецот мечот го зварши со десет голови, а Хрватот постигна седум.

Лига на шампиони, тим на 7.коло:

 Голман: Де Варгас (Барселона)

Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)

Лев бек: Жоан Канељас (Вардар)

Среден бек: Лука Циндриќ (Вардар)

Десен бек: Рамазан Доне (Бешикташ)

Десно крило: Алберт Рохас (Ла Риоха)

Пивот: Лудовик Фабрегас (Монпелје).