Поранешен репрезентативец на Костарика почина за време на улична трка

Габриел Бадиља, поранешен фудбалски репрезентативец на Костарика, починал на 32-годишна возраст во Санта Ана. Бадиља, во Санта Ана, учествувал на трка на 10 километри.

Поранешниот фудбалер Бадиља, познат под прекарот „Гладијатор“, колабирал пред целта на 10-километарската трка во Санта Ана. Лекарите на итната медицинска помош веднаш интервенирале, но Бадиља починал половина час по нивното доаѓање.

Габриел Бадиља професионалната кариера ја заврши во јуни оваа година. Тој пред три години имал операција на срцето.

За репрезентацијата на Костарика одиграл 25 натпревари, а бил дел од тимот кој настапи на Светското првенетво во 2006 година.