Русија и подари на Србија шест авиони „миг 29“

Русија и подарува на Србија шест користени авиони „миг 29“, чија модернизација ќе чини меѓу 180 и 230 милиони евра, јавија српските медиуми.

Српскиот премиер Александар Вучиќ рече дека тоа „драматично“ ќе ја засили српската војска, која нема да ја менува политиката на неутралност.

„Ако пресметате, кога би купувале такви авиони тоа би нѐ чинело околу 600 милиони евра. Тогаш може да видите колку добивме добри цени и колку добивме на подарок“, изјави Вучиќ во Москва.

Тој најави дека договорот би требало да биде потпишан до петок.

Вучиќ уште додаде дека српската војска на подарок добила и 30 тенкови Т72 С и 30 извидувачки оклопни возила БРДМ 2, како и помали топови од 14,5 мм.