CNN: Сте се загубиле близу Кремљ? Русија го мами вашиот GPS

Годинава во некои руски медиуми се појавија извештаи за необичен феномен. Имено, во одредени делови во центарот на Москва, највеќе во близина на Кремљ,  доаѓа до целосно попречуваље на сателитските  сигнали.

Ова највеќе се уочува на GPS кој наместо да покажува точна локација, емитува места оддалечени најмалку 30 километри од Кремљ, тврди CNN.

Во ова тврдење лично се увери и репортер на американската мрежа CNN кој вели дека стоел на мостот оддалечен околу километар од Кремљ, но Гугл мапите покажувале дека се наоѓа околу 30 километри подалеку, поточно кај аеродромот Внуково. Жителите на руската метропола исто така ја приметиле оваа појава за која и пишувале на социјалните мрежи.

Руските власти не потврдија официјално дека стојат зад попречувањето на сателитскиот сигнал. Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков во октомви рече дека и самиот забележал „необичен дефект на својот GPS систем“ кога одел на работа. Тој, меѓутоа ги замоли новинарите сите прашања да ги упатат на рускта слубжа за безбедност, која е задолжена за сигурноста на Кремљ. Службата одби да коментира.

Тод Хамфриз, професор во Лабораторија за радионавигација при универзитетот во Тексас за CNN изјави дека во прашање е класичен пример на попречување на GPS сигналот. За разлика од блокирање, кое потполно го оневозможува сигналот, попречувањето создава појак сигнал кој ги доведува во заблуда и корисникот и уредите.

CNN наведува дека Русија во последните години вложила многу пари во развој на сајбер технологија и електронското војување воопшто. Во изминатите две години имало неколку десетини ситуации со попречување на сигнал во источна Украина, а ова лето Русија го претстави новиот уред Pol-21 кој може да се закачи на телекомуникациски кули и да попречува сигнал.