Француз во наследена куќа пронашол 100 килограми злато

Француз, кој неодамна наследил куќа во Нормандија, нашол во неа 100 килограми злато, вредно 3,5 милиони евра, соопшти во вторник една агенција за недвижнини.

„Имаше околу 5.000 златници, две прачки од 12 и 17 килограми и 37 прачки од по еден килограм“, рече претставник на агенцијата.

Златото било скриено на различни места во куќата, под или зад мебелот, во плакарите под облеката, во амбалажа од алкохолни пијалаци и во други кутии.

Наследникот на куќата го нашол златото кога решил да исфрли дел од мебелот и да донесе нов.

Локалните медиуми пренесуваат дека данокот за такво откритие е 45 отсто.