Маска од куркума: Третман подобра кожа

Традиционалниот индиски рецепт, кој се користи третман за убавина, а во кој една од сосотојките е егзотичниот зачин куркума, воодушевил 90 отсто оние кои имале можност да ја пробаат оваа маска за лице.   

Оваа маската која му дава сјај на вашето лице, ги избелува дамките на лицето и помага при остранување на акните. Уште од првата примена корисниците забележале подобар изглед на својот тен.

Магичниот зачин куркума се користи илјада години како третман за убавина во Индија. Станува збор за традиционален обред за разубавување на невестите, кој се нарекува „халди“, а подразбира премачкување на деловите на телото на невестата со паста од куркума пред вечавката за нејзината кожа да добие прекрасен сјај.

Основни состојки на маската се куркума и јогурт, но во зависност од типот на кожата може да се додаде, мед и свежо исцедени сокови, различни билни масла, алое вера или брашно од житарки.

Маска за нормална, мешана и кожа со хиперпигментација:

Потребни состојки: Половина лажичка куркума, една лажичка јогурт, неколку капки лимонов сок

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и нанесете ги на исчистено лице. Оставете ја маската да делува половина час, а потоа измијте ја. Можете да ја нанесете со подебела четка, доколку не сакате рацете да ви станат жолти. Не грижете се дури и да се случи тоа бојата ќе ја отстраните со вода и сапун.

Маска за масна и проблематична кожа:

Потребни состојки: Половина лажичка куркума, половина лажичка црн мед, неколку капки гел од алое вера, една лажичка сурутка или јогурт

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и нанесете ја смесата на исчистено лице. Оставете ја маската да делува половина час, а потоа измијте ја

Маска за сува и зрела кожа

Потребни состојки: Половина лажичка куркума, лажичка јогурт, половина лажичка масло по желба (арганово, кокосово, маслиново…)

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и нанесете ги на исчистено лице. Оставете ја маската да делува половина час,а  потоа измијте ја. Напомена смесата користете ја навечер, бидејќи ја прави кожата чувствителна на сонце.