Вториот човек што стапна на Месечината Баз Олдрин евакуиран од Јужниот пол

Американскиот астронаут Баз Олдрин, вториот човек што во јули 1969 година одеше по Месечината, е евакуиран во четвртокот од здравствени причини од Јужниот пол, каде што престојувал како турист, соопшти американската Национална фондација за наука.

Олдрин(86) кој го обиколи светот промовирајќи ја колонизацијата на Марс, побарал да биде евакуиран, по што бил упатен медицински авион.

Нема други детали за здравствената состојба на Олдрин.

Олдрин, роден во 1930 година, е поранешен американски воен пилот и астронаут.

Заедно со Нил Армстронг и Мајкл Колинс беше избран за член на мисијата Аполо 11. Тој беше вториот човек што стапна на Месечината по Армстронг.

По пензионирањето основаше компанија за проектирање на ракети. Пишува и научно-фантастични дела.