Категорија: Црна Хроника

СВР Битола:Кривични пријави за „Тешка кражба“.

Секторот за Внатрешни работи Битола- НК за КР Ресен (05.12.2017), до ОЈО Ресен поднесе 2 кривични пријави против М.Ш. (19) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени 2 кривични дела  „Тешка кражба“ и „Тешка кражба“ во обид; и против Н.С. (33) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „Тешка кражба“.

Пријавениот М.Ш. на 02.01.2017 година во с.Лавци, со употреба на алат (хебла) насилно влегол во три куќи, каде извршил пребарување во сите простории. Од едната куќа од спалната соба од сеф одзел 45 000 дански круни и други документи. Потоа пријавениот се упатил и во втората куќата, која се наоѓала во истиот двор, кадена ист начин влегол внатре, извршил пребарување, но не одзел ништо.Откако ги извршил делата незабележан од никого го напуштил местото на настанот.

Пријавениот со превземените дејствија предизвикал вкупна материјална штета од 370 000 денари.

Пријавениот Н.С. во временски период од 12.06.2017 година до 14.07.2017 година, во повеќе наврати преку влезната врата влегувал во хотел „Китка“ во Ресен, и со одвртување и сечење одзел околу 80 радијатори, а од кујната одзел 2 бојлери на струја од 80 литри, електричен шпорет,алуминиумски лонци, алуминиумски чајници, росвајтни чаши и друг кујнски прибор. Пријавениот одземените предмети ги подавал за старо железо во Ресен и Охрид.

Пријавениот со превземените дејствија предизвикал вкупна материјална штета од 120 000 денари.

СВР Битола:Запленети над 38 килограми дрога

Секторот за Внатрешни работи Битола вчера(03.12.) до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Р.А.(45) и Б.Г.(33), и двајцата од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 став 1 од КЗ на Република Македонија.

Имено, двајцата пријавени заедно со уште едно непознато лице, откако неовластено  набавиле опојна дрога марихуана,  ја  спакувале во вкупно 38 најлонски паковки, ја ставиле во две патнички торби и  од  Албанија се упатиле преку  Македонија да извршат транспорт на марихуаната во Грција.

Во ноќта меѓу сабота и недела околу 01,30 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН „Меџитлија“, тие биле забележани во близина на напуштената караула Лажец и на дадена наредба да застанат тројцата се дале во бегство. По кусо време Р.А. и Б.Г. се фатени во непосредна близина на граничната линија со двете торби со марихуана, додека третото лице се упатило во непознат правец.

Од извршената анализа утврдено е дека во торбите има 38 најлонски паковки со марихуана со вкупна нето маса од 38,1 килограми. Во торбите имало и 201 грам хашиш и околу 350 милилитри хашишова смола. Од страна на Судија за претходна постапка приОсновен суд – Битола, на двајцата пријавени одредена им е мерка притвор во траење до 30 дена.

Кривична пријава за измама

Прочитај повеќе

Триесетина ученици повредени во сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Прочитај повеќе

Од Билтенот на СВР Битола

Прочитај повеќе

Кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување

Прочитај повеќе