Еден автомобил целосно изгоре, друг е запален во пожар во Битола

Пожар зафатил две возила паркирани на улица „Тошо Даскалот“ во Битола.

Пожарот настанал утрово околу 3.40 часот во паркиран автомобил „тојота корола“ сопственост на педесет и деветгодишен битолчанец којшто изгорел целосно.

Огнот од „тојотата“ зафатил уште едно возило кое било паркирано блиску марка „БМВ 525 Д“ сопственост четириесет идвегодишен битолчанец.

Се преземаат мерки за утврдување на причините коишто довеле до опожарување на возилото и целосно расчистување на настанот.