СВР Битола КРИВИЧНА ЗА НАПАЃАЧИТЕ НА ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА

СВР Битола- ПС Ресен на 20.07.2017 година до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Џ.Н.(30) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, предвидено и казниво по чл. 383 ст.3 од КЗ на РМ.

Настанот се случил на 19.07.2017 година околу 10:30 часот кај м.в. „Избишко долиште“ Ресен, кога од страна на вработени во Шумската полициска станица (ШПС) – Битола при преземaње на службени дејствија, спречување на нелегална сеча и транспорт на дрвна маса затекнат бил трактор како врши нелегален транспорт на дрва. Во обид да извршат контрола врз лицата и тракторот, Шумските полицајци биле попречени и пријавеното лице на командирот на Шумската полиција- Битола му нанел Тешки телесни повреди, откачувајќи приколка натоварена со дрва, која поминала врз долните екстремитети на Командирот при што истиот се здобил со ТТП скршеница на нозете, констатирани во Клиничка Болница Битола.

Од страна на Судија за претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 48 часа.