Блок трансакции со акциите на Адинг АД и Стопанска банка Битола

Вкупниот промет остварен на Македонска берза во средата изнесуваше 16,1 милиони денари.

Повеќе од половината од остварениот промет припадна на блок трансакциите со акции издадени од Адинг АД Скопје, со вкупен износ од 7,9 милиони денари и акциите на Стопанска Банка Битола со вкупен износ од 1,3 милиони денари.

Скромно количество од само 10 акции на Стопанска Банка Битола во средата беа истргувани преку класично тргување на Македонската берза. Просечната цена по којашто се реализираа овие трансакции изнесувапе 1.290 денари по акција.

И вчера Македонската берза го продолжи негативниот тренд кој започна со тргувањето во минатата седмица, со пад на МБИ-10 од 0,34 отсто. Индексот ОМБ заврши со иста вредност како претходниот трговски ден.

Кај обврзниците за денационализација се тргуваше со вкупно три.

Акција со најголем пораст беше акцијата на Стопанска банка Битола со раст од 7,5 отсто, додека на спротивната страна најмногу од својата вредност загуби акцијата на Арцелормитал Скопје (ЦРМ) со пад од 11,54 проценти.