Две нови изданија на Савевски продукција

Во рамките на манифестациите посветени на 4-ти Ноември, денот на ослободувањето на Битола, се одржа промоција на две изданија од продукцијата Савевски.

Едно од изданијата е фестивалот на македонски патриотски песни под наслов „Македонски непокор“, кој годинава беше дел од битолското културно лето Битфест, под покровителство на градоначалникот д-р Владимир Талески. Од овој фестивал, кој се одржа во Народниот театар, издадено е ДВД и ЦД со македонски патриотски песни, отпеани од групата Бон Тон,Николче Љушковски,група Билјана,Пеце Петровски,група Маестрал,Екстра бенд,Марија Петковска,група Аманет,Кице Стефановски,група Милина,Марија и група Балкан,Сашко Савевски,Андријана Думевска,Македонија,Софија Кочовска,Таше Каранфиловки,група Мегдан иГоце Петревски.

Другото издание е видео запис од проектот „Хармониките“ кој исто така годинава беше изведен во рамките на најбројното и најсодржајно културно лето, Битфест. ДВД изданието „Хармониките“ ги содржи изведбите на хармоникашите кои приредија целовечерен концерт. Директорот Сашко Савевски најави бројни активности на Савевски продукција, како и продолженија од овие нивни проекти. Уметничкиот директор, проф. Кирил Стојчевски, на промоцијата изведе заедничко дело на хармоники со својот ученик Димитар Митровски, кој освои 2 награда во Србија на натпреварот во хармоники. Промоцијата со своето присуство  ја збогати и пратеникот од Австралија во македонското собрание, Васко Наумовски.