НБА: Само Кливленд победи на домашен терен

Речиси совршена ноќ имаа тимовите кои гостуваа во НБА лигата, откако победи забележаа Минесота, Сакраменто, Далас, Хјустон, Вашингтон, Оклахома и Мемфис. Честа на домашните тимови ја спаси шампионот Кливленд.Индивидуално повторно блесна Расел Вестбрук со 42 поени за Оклахома.

Карл-Ентони Таунс забележа 17 поени и 18 скокови, Ендрју Вигинс уфрли 19, а Зек Лавин 18 поени во триумфот на Минесота во Атланта 92:84. Атланта ја предводеа Денис Шредер со 21 поен, односно Пол Милсап со 18 поени и 10 скокови.

Хјустон, предводен од Џејмс Харден (27 поени, 14 асистенции) победи во Феникс 125:111, додека Расел Вестбрук со 42 поени, 10 скока и 7 асистенции беше најзаслужниот за триумфот на Оклахома во Њу Орлеанс 121:110. Во поразениот тим блескаше Ентони Дејвос со 34 поени и 15 скокови.

Демаркус Казинс претходната вечер постигна 55 поени, а во наредниот меч со поени од линијата на слободни фрлања му донесе нова победа на својот тим. Кралевите славеа кај Јута 94:93, а по слично сценарио Далас победи во Портланд 96:95.

Кливленд славеше против Милвоки 113:102. Леброн Џејмс постигна29 поени, а Кајри Ирвинг имаше учинок од 31 поен и 13 асистенции. Двајца се истакнаа и кај Милвоки, Јанис Адетокумбо (28 поени) и Џабари Паркер (27 поени).