Тензично во Истанбул, Фенер загуби од Дарушафака

Тензичното истанбулско дерби, гостинските победи на ЦСКА и Панатинаикос, односно победата на Басконија над Барселона во шпанската пресметка ги обележаа последните четири натпревари од 13.коло во Евролигата.

Фенербахче загуби од Дарушафака 71:64, во натпревар преполн со тензии. Јан Весели поради две технички беше исклучен, а технички донија и Џексон односно Вилбекин, кој во последната четвртина беше клучниот играч кај Дарушафака.

Дуелот го обележа и прекинот во втората четвртина, која траеше речиси десет минути, откако судиите долго ја прегледуваа снимката за да решат како да постапат по дуелот помеѓу Џексон и Вилбекин.

Перо Антиќ одигра нешто повеќе од 19 минути за Фенербахче и имаше учинок од 7 поени, 4 скока. Слукас беше најефикасен во редовите на Фенербахче со 16 поени.

Дарушафака ја предводеа Вилбекин со 22 поени, 12 од нив во последната четвртина и Клејбурн со 20 поени.

Актуелниот првак на Европа, тимот на ЦСКА Москва, славеше во Тел Авив над Макби 80:76, иако по првата четвртина имаше негатива од 15 поени (31:16), а во еден момент и минус од 18 кошеви.

Во финишот ЦСКА ги казни грешките на Макаби, односно на Сони Вимс кој во последните две минути загуби три топки.

Хигинс со 16 кошеви беше најефикасен во рускиот тим, во чии редови ги немаше двајцата најдобри Теодосиќ и Де Коло, а на спротиввната страна Гаудлок уфрли 19 поени.

Панатинаикос како гостин го декласира Армани 86:72. Грците во еден период имаа предност и од 25 поени, а домаќинот катастрофата ја избегна во финишот на мечот. Џејмс со 19 и Калатес со 16 поени се истакнаа кај Панатинаикос.

Возбудливиот шански дуел го доби Басконија со 65:62. Иако Барселона го имаше последниот напад на мечот Рајс не успеа да упати кон кошот на противникот, а потоа Клавер промаши за три поени.

Ларкин со 14 поени ја предводеше Басконија, тој во последните 90 секунди погоди две тројки, додека најефикасен беше Бобоа со 19 поени.