“ЗА НЕД ДО” пак го собра “златото” од Солун, за Македонија освоени 20 златни и 4 сребрени медали

Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола на покана на Грчката федерација за боречки вештини во периодот од 4 – 5 март 2017 година учествуваше  на 6-тиот Интернационален и 10-тиот Сегрчки Фестивал за боречките вештини “Мигдониа” 2017-та кој се одржа во Солун а каде учествуваше и нашиот тим кој ја претставуваше Република Македонија при што освои 20 златен и 4 сребрени медали.

На натпреварите учество зедоа делегации од држави од Балканот и регионот и над 100 клубови од домаќинот со над 700 натреварувачи, додека македонскиот тим беше составен од 21 натпреварувач кои се натпреваруваат во две дисциплини во борби во лоу кик и лајт контакт.

Комплетниот состав на македонската делегација во која беа и членови и родители ја предводеше основачот на Академијата “ЗА НЕД ДО” и официјален претставник за неколку светски федерации и организации од светот на боречките вештини, Grandmaster Златко Неделковски додека главен тренер на македонскиот тим е трикратнот светски првак во екстремна самоодбрана, Дијана Неделковска.

“Ние а со тоа и Република Македонија по втор пат учествува на овој голем и значаен настан од сферата на боречките вештини во регионот а особено за домаќинот Република Грција.

Имено минатата година од овие два натпревари се вративме со 39 златни и 3 сребрени медали.

Впрочем натпреварите кои во Грција се репер за проверката на квалитетот во боречките вештини и тоа се настани кој не се за потценување дотолку повеќе што имаше огромен број натпреварувачи кои дошле да го покажат најдоброто од себе.

Ние како и минатата година нескромно ќе кажам им го собравме златото на домаќините со скромниот натпреварувачки тим од 21 борец кои се бореа во  две дисциплини во борби во лоу кик и лајт контакт.” – изјави Grandmaster Златко Неделковски – шеф на македонската делегација.

Македонската делегација за овој настан посебно сака да му зе заблагодари на логистичката поддршка на првиот секретар при Генералниот конзулат на Република Македонија во Солун, господинот Златко Котевски.

“Оној сегмент во кој сум професионалец, тренерскиот, беше на завидно ниво во професионалноста и чистината на ударите и одбраната во борбите. Особено сум горда на моите натпреватувачи. Сепак успехот е огромен ако се знае дека ова прво е регионален натпревар но и дека е Сегрчки Фестивал за боречките вештини “Мигдониа” на кој настапуваат сите клубови за боречки вештини од цела Република Грција па со самото тоа конкуренцијата е огромна. ” – изјави Дијана Неделковска – главен тренер на македонскиот тим.

Македонскиот тим се натпреваруваше во борби од контактните спортови поточно во борби во лоу кик и лајт контакт.