Погреб на рускиот амбасадор убиен во Анкара

Рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов кој во понеделникот беше убиен од поранешен турски полицаец во Анкара, ќе биде погребан денеска со државни почести и во присуство на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Кремљ.

Комеморација беше одржана во Министерството за надворешни работти, а потоа ќе има опело во црквата Христос Спасител во Моска.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека Путин ја одложил денешната годишна прес конференција за да присуствува на погребот.

Рускиот амбасадор Карлов беше убиен во понеделникот навечер од поранешен турски полицаец, кој пред злочинот извикувал „Алах е голем“ и „Не го заборавајте Алепо, не ја заборавајте Сирија“.

Песков рече дека е прерано да се каже кој стои зад атентатот на амбасадорот.

„Москва смета дека е потребно да се почекаат резултатите на групата истражувачи,“ изјави портпаролот на Кремљ и додаде дека не треба прерано да се донесуваат заклучоци.