Категорија: Црна Хроника

56-годишна жена со тешки повреди по удар од автомобил

Прочитај повеќе

Пронајдена поголема количина марихуана во дом на прилепчанец

Прочитај повеќе

Од Билтенот на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола, во месец август 2017 година поднесе две кривични пријави против четири лица, поради постоење на основи на сомнение за извршено кривично дело „Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и тоа:

– Кривична пријава против М.Л.(73), О.Л.(47) и Ј.Т.(26) од Битола, затоа што првопријавениот , заедно со второпријавениот , кој е негов син, на точно неутврден датум во 2014/2015 година , за сума од 15 000 денари неовластено му продале две ловни пушки („Црвена застава кал.12/70 мм“и „ИЖ -18) , на третопријавениот. Пушките се одземени од пријавените, а при претрес во домот на првопријавениот пронајдени се и со потврда за привремено одземени предмети одземени се и 73 парчиња муниција кал.7,62 мм и 7 парчиња муниција 7,65 мм за кои истиот не поседува одобрение за набавка.

– Кривична пријава против М.Ч (52) од Битола , затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, била пронајдена и одземена една ловна пушка TECNI-MEC MARCHENOV кал 12 мм, која истиот ја поседувал без соодветна документација.

Во текот на месецот СВР Битола поднесе и три кривични пријави заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и тоа:

– Против К.З.(32) од Битола, кој, во месец Април 2016 год. од НН лице неовластено набавил наркотична дрога хероин и истата ја препакувал во две помали пакувања и ја спремал за продавање. Од страна на полициски службеници од ОНТДО биле превземени мерки и активности на терен, при што бил затекнат пријавениот и при личен преглед кај истиот е пронајдено најлонско пакување со НН кафеава прашкаста материја. Исто така во левиот страничен џеб од винтијагата било пронајдено уште едно пакување со НН кафеава прашкаста материја. Предметниот материјал е одземен и доставен на вештачење во ОКТИВ при МВР на РМ и од извршените анализи на предметниот материјал, потврдено е дека двете полиетиленски пакувања со вкупна нето маса од 0,49 гр. претставуваат опојна дрога хероин.

– Против С.Ј. (25), затоа што , од непознато лице неовластено , заради продажба, набавил наркотична дрога- марихуана, која ја држел во себе и ја пренесувал. Од страна на полициски службеници од СВР- Битола, на ден 13.03. 2017 година во околу 22,45 часот , во Битола, истиот е забележан како од десната рака фрлил една паковка непозната материја, која е подигната и со наредба за вештачење е испратена во ОКТ при МВР. Од извршената анализа е утврдено дека растителната материја претставува опојна дрога – марихуана.

– Против Ј.И(23) од Битола, кој откако неовластено набавил опојна дрога марихуана, во период од околу 2 месеци неовластено му ја нудел и продавал на 30 годишно лице К.М. од Битола. На 07..08.2017 год. околу 22:50 час. при обид од страна на полициски службеници од СВР Битола, да го сопрат и извршат преглед врз возилото „Голф“ кое го управува пријавениот, истиот со голема брзина заминал, со цел да ја избегне контролата. Во близина на бензинската пумпа „Мак Оил“ пријавениот предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во друго возило, а потоа во столб за улично осветлување.

Веднаш после ударот лицата излегле од возилото и се обиделе да побегнат од местото на настанот, но во намерата биле спречени од ПС од ОКП-ОНТДО и лишени од слобода. При преглед на возилото пронајдена е и со потврда за привремено одземени поредмети одземена е 1 најлонска паковка со НН растителна материа. На 10.08.2017 год. околу 00:25 час. на м.в. Билбил Камен на излезот од Битола кон Ресен, од ПС од ОКП-ОНТДО извршен е преглед на К.М.(30)од Битола и пмв Фолксваген Поло при што пронајдени и со потврда за привренео одземени предмети, одземени се : 1 рачно изработена цигара со НН растителна материја, 1 опаковка од цигари „Вест“ со НН растителна материја, 1 опаковка од цигари „Вест“ со траги од НН растителна материја, 1 дробилка со траги од НН растителна материја и 1 најлонска кеса со НН растителна материја.

Според известувањето дадено од лицето, растителната материја (марихуана) за сума од 1.500 ден. ја купил на 06.08.2017 год. по претходен договор со пријавениот преку мобилен телефон. Дополнително, по добивање на Наредба од ЈО од ОЈО Битола, ќе се врши вештачење на непознатата растителна материја.

ПС-ОН Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против лицето З.К.(28) од Кривогаштани поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,,Предизвикување општа опасност“ .

Пријавениот ноќта 13/14.08.2017 , во Прилеп, на локација наменета за продавање на возила, потурил со течност од пластично шише патничко моторно возило марка „Форд Скорпион“ и со запалка ја запалил течноста, со што предизвикал пожар на возилото .

Во месец август 2017 година ПС Прилеп поднесе уште две кривични пријави за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“, против две лица, кои предизвикале пожар.

Од Билтенот на СВР Битола

Прочитај повеќе

СВР Битола КРИВИЧНА ЗА НАПАЃАЧИТЕ НА ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА

Прочитај повеќе

Свр Битола-Повреден шумски полицаец.

На 19.07.2017 година околу 10:30 часот во СВР Битола- ПС Ресен пријавено било дека во атар на с.Избиште имало повреден шумски полицаец.

Настанот се случил на 19.07.2017г. околу 10:30 часот 2 возила на Шумска Полиција од Ресен со 7 Шумски полицајци додека превземале дејствија за спречување на нелегална сеча и транспорт на дрвна маса, во место викано Избишки долишта, при контрола на трактор со приколка, натоварен со дрва, се обиделе да извршат контрола над истиот.

Во тракторот се наоѓале две машки лица, приколка натоварена со дрва и моторна пила. Шумските полицајци се обиделе да ја одземат моторната пила, но лицата давале отпор. Во препирањето едно од лицата успеало да се оттргне од местото на настаноти подоцна се вратило со мотор. На лицата им било објаснето дека тракторот и приколката ќе им бидат одземени и биле известени дека требало да ги однесат во дворот на Шумската полиција во Ресен. Тракторот тргнал напред, а возилата на Шумска полиција по него.

Лицето кое претходно се оддалечило се вратило со мотор од спротивен правец, го пропуштил тракторот и го фрлил моторот пред возилото на Шумската полиција со цел да го попречи нивното движење. Шумските полицајци излегле од возилото и продолжиле пеш да го следат тракторот. Командирот на Шумската полиција го стигнал тракторот, успеал да се качи на него и на возачот му наредил да застане.

Возачот се оглушил, извадил нож и замавнал кон Командирот. Командирот скокнал од тракторот и паднал на земја, возачот на тракторот ја отпуштил приколката, а трактотот го напуштил местото на настанот. Приколката поминала врз долните екстремитети на Командирот при што истиот се здобил со ТТП скршеница на нозете.

Истиот е пренесен во Клиничка Болница Битола.

За настанот известен е ЈО, додека увид е извршен од страна на КРИМ техника при ПС Ресен.

СВР Битола ги превзема потребните мерки и активности за расветлување и документирање на настанот.