Скопјанец и струмичанка загинаа во сообраќајка кај селото Дамјан

Еден скопјанец и една струмичанка загинаа во тешката сообраќајна незгода што се случи на патот Струмица – Штип, кога директно се судрија автомобил и автобус, а повредени се уште девет лица.

Скопјеанецот Т.К. (1973) загина во понеделник околу 18 часот во сообраќајката која се случила кај месноста Пилав Тепе, на регионалниот пат Струмица- Штип. Во несреќата загинала и неговата сопатничка И.И. (1966) од Струмица.

Тие загинаа откако возилото „мерцедес“ со кое патувале од засега непознати причини директно се судри со полн автобус на „Струмица експрес“. Со тешки повреди во болница се згрижени деветмина од патниците од автобусот.