
Караванот на СДСМ и Коалицијата предизборната кампања ја почнува во понеделник од Прилеп каде што во 19 часот ќе се одржи централниот митинг.
Претходно, во 17 часот ќе се одржи минитнг на Крушево.
Во вторник централниот караван е во Скопје при што ќе бидат посетени населбите Драчево и Кисела Вода, а предвиден е минтинг во општината Аеродром во 19 часот пред платото на Т.Ц. Бисер ќе се одржи митинг.
Во среда ќе се одржи митинг во Демир Хисар и централен митинг во Кичево. Во четврток ќе се одржи митинг во Гостивар и централен митинг во Тетово.
Во петок, СДСМ и коалицијата ќе одржат митинг во Виница и централен митинг во Кочани. Во сабота ќе се одржи митинг во Ѓорче Петров и централен митинг во Карпош.
Првата недела завршува со средби и централен минитнг во Велес со почеток во 19 часот, а претходно во 17.30 часот СДСМ и коалицијата ќе одржи митинг во Свети Николе.





