Попоски: Поголема транспарентност за изборен кредибилитет и поголема доверба

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски во вторникот оствари средба со делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа за проценка на изборната кампања и политичката состојба во Република Македонија, во пресрет на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 11-ти декември.

Делегацијата беше предводена од пратеникот од Австрија, Стефан Шенах  и притоа беа разменети мислења за престојните избори и очекувањата од истите. Попоски ги повтори позитивните искуства од мониторингот на бројни изборни циклуси во минатото од страна на релевантните меѓународни организации и во овој контекст ја истакна и улогата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

На средбата беше истакната важноста од спроведување фер и демократски избори  и беа изразени очекувањата за добар изборен процес.