
Германската компнија „ВИГ“ одлучи и ја објави својата одлука за инвестиција во ТИРЗ Прилеп со што ќе осигура илјади нови вработувања за Прилеп и околните места, напиша на својот Facebook профил претстедалот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во 4 ИЕ на коалицијата „За подобра Македонија“, Никола Груевски, а подоцна во средата на прилепчани им најави изградба на нов театар и темелна обнова на Домот за култура во Прилеп, предвидена во програмата насловена „Реално“ на коалицијата „За подобра Македонија“, којашто ја предводи неговата партија.
„Се работи за глобална компанија која ќе изработува апарати за домаќинството и која веќе има производствени погони во Кина и Индонезија, а погонот кој ќе го отворат во Македонија ќе произведува апарати кои ќе се извезуваат на европскиот пазар. Планот е да започне да се гради фабриката во првото тромесечие од наредната година на 10.000 квадратни метри и да биде готова до крајот на идната година кога ќе почне производството. Она што е исклучително важно е што во првата фаза планираат 1000 вработувања, но имаат стратегија за понатамошно развивање на фабриката. Бил Павлески работеше подолго време на оваа инвестиција, а исто така од голема помош беше и ангажманот на Владимир Пешевски во привлекувањето на оваа компанија. Вака се сака Македонија. Ние силно продолжуваме со привлекувањето на нови инвестиции и отворањето на нови работни места. И покрај се’ што и се случи на Македонија во изминатиот период, време на политичка криза, уцени, деструкција и конфликтност наметнувана од опозицијата, наш основен приоритет е стандардот на граѓаните и решавање на проблемите. Ние не застануваме тука. Нашата цел е да ја намалиме стапката на невработеност на ниво помеѓу 17 и 18 отсто. Тоа значи дека во следните четири години ќе се креираат околу 70.000 нови работни места! Тоа е нашиот придонес за развиена, просперитетна, економски напредна и стабилна Македонија, држава на можности и успeшна иднина!“, напиша Груевски.
Планираните инвестиции во Прилеп во областа на културата и споретот, подоцна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги најави во Прилеп, на средба со културните работници од градот.
Појсани дека мовиот театар треба да ја замени старата театарска зграда која е „мала и несоодветна за успесите што ги постигнуваат театарските работници од Прилеп“. Подготовките, рече Груевски, би започнале по изборите на 11-ти декември, а посериозните активности би се извршувале во 2018 година. Се проценува дека новиот театар би бил со површина од 300 до 350 метри квадратни.
„Со темелната обнова на Домот на културата и новиот театар и прилепската публика и театарските работници ќе добијат соодветен простор“, оцени Груевски.
Груевски во Прилеп имаше средба и со спортски работници пред кои најави целосна обнова на спортскиот центар „Маркови кули“. Инвестицијата за којашто рече дека ќе изнесува пет милиони евра, но ќе стартува по решавање на имотно-правните работи.
Темелна обнова во програмата „Реално“ е предвидена и за спортската сала „Македонија“ каде се планира да се вложат 1,5 милиони евра. Како што наведе Груевски, предвидена е изградба на пет баскет игралишта, како и тениски терени. Посочувајќи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период вложила многу во спортот, но била и критикувана дека нема доволно финансии во оваа област, Груевски ги претстави новините од Законот за спорт и Законот за данок на добивка што ќе стапат во сила на 1-ви јануари.





