Заев: Мораме да градиме политики што ќе го вратат туризмот во Дојран

Мораме да градиме политики коишто навистина ќе го вратат туризмот во Дојран, најави во вторник претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ4 Зоран Заев, за време на посетата на Дојран.

„Ќе инвестираме во вистинско уредување на плажите, ќе инвестираме во вистинско унапредување на туризмот овде, со комплетна понуда која што навистина Дојран отсекогаш знаел да ја даде поразлично од сите други“, рече Заев.

Според него, квалитетот на водата на езерото ги поминува сите граници.

„Потекнувам од овој крај, знам дека ќе оставам сериозен белег во развојот на Дојран. Она што следува е период пред нас, кадешто на вистински начин ќе ги реалоцираме парите на вистински потреби на граѓаните“, рече Заев.