Ахмети во Охрид за прашањето на името и добрососедските односи

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), на чело со претседателот Али Ахмети, шефот на Централниот изборен штаб, Беким Незири и други кандидати за пратеници од Изборната единица број 5, ги заврши дневните активности со кампањата во Охрид.

Претседателот Али Ахмети, пред голем број жители рече дека ДУИ ќе остане доследна на своите заветувања кои се за доброто на граѓаните Албанци, каде и да живеат низ Македонија.

„Денес сум тука заедно со високи раководни кадри на ДУИ со нашата најдобра намера да Охрид и другите места како што се Долнени, Крушево, Битола и Преспа бидат во центарот на вниманието на сите активности. Тоа значи дека ДУИ води сметка и ангажира највисоки кадри со најдобра намера за да имаме подетална слика за тоа што треба да се направи понатака. Овде во Охрид, се разликува многу од Долнени, тука е сочуван живиот дух на албанскиот јазик, историското сеќавање е свежо соочувано, прогоните и протерувањата биле обемни, и вие не сте исклучок. Зошто ја отворив оваа средба на овој начин, со отворање на овој штаб, можеби некој ќе дојде да види што се прави, ќе помисли дека има некој митинг, меѓутоа, ние тука го отвораме штабот за почеток на битката што ќе се случи на 11 декември“, изјави претседателот на ДУИ, како и носителот на листата во Изборната единица број 6, Али Ахмети.

Ахмети пред граѓаните на Охрид рече дека овој мандат ќе биде одлучувачки за многу големи прашања, затоа што во текот на следните четири години ќе се одлучи во која насока ќе чекори Македонија, односно Албанците.

„Дали ќе ги затвориме отворените прашања кои што не влечат во последната декада. Прашањето за името, односите со соседите и други жешки теми, бараат подготвени кадри кои ќе можат да се справат со нив. Нашата земја не смее да се влечка, туку треба да застане до НАТО и ЕУ. Тука треба да одлучуваат тие што живеат во оваа земја а тука живеат и Албанците. За да се справат, сигурно дека требаат луѓе со знаење и со капацитет, не дека јас сум лидер на ДУИ, меѓутоа, само во ДУИ постојат овие капацитети, и албанската кауза, подобро од ДУИ кој во себе содржи генерации што се жртвувале за овој народ, тие делуваат само кај нас, тие се единствените што можат да се нафатат да се справат со кој и да е од другата страна што ќе победи на изборите,“ изјави Ахмети.

Ахмети, заедно со претставниците на ДУИ ги потсетија присутните на собирот за битноста на не-расцепкувањето на албанскиот глас.