
ВМРО-ДПМНЕ би ги добило гласовите на 23,3 отсто од гласачите, а СДСМ на 19,4%, покажуваат најновите резултати од втората анкета што ја нарачаа телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка, а ја спроведе агенцијата М-проспект.
Телефонската анкета беше спроведена во периодот од 20 до 30 ноември, врз 1.800 испитаници.
Понатаму резултатите покажуваат дека за ДУИ би гласале 6,6 %, за ДПА- 3,3 %, Коалиција за промени и правда 0,9 %, ВМРО за Македонија 2,5 %, Алијанса за Албанците 1,9 %, Либерална партија 0,1 %, Левица 1,2 %, Беса – 2,7 %.
Неопределени се 15,1 %, одбиле да се изјаснат 17,6 % (вкупно 32,7 % сива маса), додека 5,5 % нема да гласаат.





