Без струја тунелот во Катланово

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози. Според информација од РЦУК, во четврток, тунелот Катланово (Општина Петровец) ќе биде без електрична енергија од 08:45 до 14:30 часот.

Во клисурите и усеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-М.Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.