
Хуманоста на битолските „Ѕвончиња“ продолжува и годинава, иницирана од децата во хорот. Во недела на 18.10.2015 со почеток во 18.00 ч. во големата сала на Центарот за култураво Битола ќе се одржи четвртиот по ред хуманитарен концерт “ПЕЕМЕ ДО ЅВЕЗДИТЕ “- посветен на Тоше Проески, под диригентство на Марина Коруновска, професор во Музичкото училиште во Битола.
Желба на „Ѕвончињата“ е да пејат за да се сочуваат од заборав песните на Тоше Проески, а средствата да бидат донирани во хуманитарни цели. Со тоа би се продолжила мисијата на нивниот идол Тоше и воедно би се поттикнал хуманизмот и сочувството уште од најмали нозе. Овој концерт е единствен од ваков вид во Македонија и е особено значаен затоа што е инициран и реализиран од деца, со голема љубов за нивниот и наш Тоше.
Средствата собрани од претходните концерти биле донирани во Зоолошката градина, Музичко училиште, Домот за доенчиња и мали деца и др. Така и годинава, собраните средства ќе бидат донирани во хумани цели. Ги покануваме сите љубители на детската песна, да присуствуваат на овој наобичен шоу спектакл, со што лично ќе придонесат кон хуманоста, за која се залагаше Тоше, но и прекрасните „Ѕвончиња“, кои ја продолжуваат неговата мисија.





