Централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, СДСМ во Велес

Политичките партии во недела, на седмиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе имаат голем сенароден митинг во Скопје.

СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе одржат митинзи во Свети Николе и Велес.

Демократската партија на Албанците (ДПА) ќе има митинг во Чегране, Боговиње,  а Алијанса за Албанците ќе биде во Битола, Ресен и Крушево.

Коалиција за промени и правда денеска ќе одржи митинг во Сопиште.